сабота, 21 декември 2024

Шефицата на словенечката дипломатија: Однесувањето на израелската војна во Либан е тешко злосторство

Министерката за надворешни и европски прашања на Словенија Тања Фајон остро ги осуди акциите на израелската војска во Либан. Фајон тоа го истакна пред состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на Европската Унија, кој се одржува во Луксембург. Ја истакна потребата од заштита на мировните сили во Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се инциденти кои претставуваат кршење на меѓународното право. Ја поддржувам работата на мисијата на Обединетите нации во Либан (УНФИЛ). Потребно е да се обезбеди моментален прекин на нападите“, истакна Фајон.

Таа оцени дека станува збор за „тешки кривични дела и злосторство“. „Словенија тежнее кон активно спасување, прекин на војната во Газа, заштита на цивилите и пружање дополнителна хуманитарна помош“, додаде таа.

Таа изрази поддршка и за Агенцијата на ОН за помош и работа во Палестина (УНРВА).

Како што додаде, на состанокот ќе го повтори повикот за воведување на санкции против израелските политички лидери кои го кршат меѓународното право и на заострување на санкциите против израелските доселеници кои вршат насилства на Западниот брег.

ОН извести дека израелски тенкови ги пробиле капиите на базата на мировните сили на светската организација во јужен Либан, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да ги евакуира мировните трупи на УНФИЛ од борбените области во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ