сабота, 27 јули 2024

Шефицата на косовската дипломатија го известила Советот на Европа дека Приштина подготвува нацрт статут за ЗСО

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, изјави дека со писмо го известила Советот на Европа дека Приштина подготвува нацрт статут за формирање „механизам за самоуправа, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој нацрт ќе биде упатен на толкување до уставниот суд до крајот на мај.

Владата претходно призна дека формирањето Заедница на српски општини е поставено како услов за прием на Косово во Советот на Европа.

Според Гервала, нацрт статутот ги задоволува потребите на граѓаните на српската заедница и истовремено го почитува уставот на Косово и принципите на Советот на Европа.

„Нацртот обезбедува не само целосно почитување на уставот и законите на Косово, туку во исто време спречува недозволени интервенции однадвор, како во општините на Косово така и низ земјата“, порача таа на Фејсбук.

Гервала наведе дека со конкретизација на залагањата за формирање Заедница на српски општини, Косово очекува од Советот на Европа да го исполни својот дел од обврската и повиците до Косово без одложување да се придружи на Советот, бидејќи Приштина ги исполнила сите услови.

Комитетот на министри на Советот на Европа се состанува на 16 и 17 мај во Стразбур. Ова тело го дава конечниот збор за прифаќање на некоја држава во членството. Заменик министерот за надворешни работи Крешник Ахмети кажа на 15 мај дека прашањето на прием на Косово во оваа организација за човекови права не е на дневниот ред на Комитетот на министри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ