сабота, 27 јули 2024

Шарл Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ја ограничиме трговијата со руски дијаманти”, порача Мишел пред почетокот на самитот Г7 во Хирошима и додаде дека разговорите за следниот пакет санкции сѐ уште траат, пренесува Тасс.

Меѓутоа, тој избегна да одговори на прашањето дали белгиската влада дала конечно одобрување за заострување на санкциите што се однесуваат на трговијата со руски дијаманти.

Тој истакна дека ЕУ ќе ги продолжи воената, политичката, хуманитарната и финансиската поддршка на Украина.

Претходно е објавено дека владата на Велика Британија ќе ги забрани руските дијаманти, како и увозот на рускиот бакар, алуминиум и никел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ