Најновата серија во портфолиото на Xiaomi вклучува пет уреди: Redmi Note 14 Pro+ 5G, Redmi Note 14 Pro 5G, Redmi Note 14 Pro, Redmi Note 14 5G и Redmi Note 14. Со систем за AI камера со висока резолуција, супериорна издржливост и импресивно корисничко искуство, серијата Redmi Note 14 носи сеопфатни подобрувања кои ги приближуваат карактеристиките на flagship моделите на пошироката публика.
Системот на камери кај моделот Redmi Note 14 серија е дизајниран да создаде фотографија на ниво на flagship уреди. Pro моделите доаѓаат со моќниот систем камери од 200MP AI со оптичка стабилизација на сликата (OIS), овозможувајќи им на корисниците да доловат неверојатни детали. Напредните опции за зумирање обезбедуваат исклучителна разновидност – од снимање на најситните детали со 2x и 4x оптички зум без губење на квалитетот, до снимање на далечни објекти со 30x дигитален зум на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G и отклучување на нови креативни можности со 20x дигитален зум на Redmi Note 14 Pro. Од друга страна, моделите Redmi Note 14 и Redmi Note 14 5G опремени се со 108MP AI систем камери кој обезбедува живописни бои и остри детали, правејќи ги врвните фотографиите достапни за сите корисници, без оглед на опсегот на цените.
За дополнително подобрување на фотографското искуство, предните камери од серијата Redmi Note 14 надградени се за најмалку 20 MP. Redmi Note 14 Pro се издвојува со предната камера од 32 MP. Предните камери се дизајнирани со широкоаголен зум од 0,8x на сите модели, што го олеснува правењето групни селфи и овозможува лесно снимање на заедничките моменти.
Дополнително, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана да обезбеди целосно фотографско искуство, комбинирајќи врвни перформанси и приспособливост на различни потреби. За таа цел, воведени се различни креативни функции, како што се Dynamic shots, кои ја оживуваат секоја слика со суптилни движења и опцијата Dual video, која им овозможува на корисниците да снимаат истовремено преку предната и задната камера, обезбедувајќи им различни перспективи.
Исто така, кај Pro моделите, уредувањето е оптимизирано со напредни AI функции, како што е AI Image Expansion¹, што ја проширува позадината за уште поимпресивна снимка, како и AI Erase Pro¹, функција која овозможува лесно отстранување на несаканите објекти без потреба од дополнителни апликации. Покрај AI Erase, основните модели нудат и функција AI Sky, која овозможува лесна замена на позадината. Овие беспрекорно интегрирани AI решенија² го подобруваат квалитетот на фотографијата и го поедноставуваат процесот на уредување, доближувајќи ги професионалните резултати до вас.
Издржливи и отпорни, тестирани на секојдневниот живот
Redmi Note 14 серијата е дизајнирана да ги следи барањата на секојдневниот живот, со исклучителна отпорност на падови, прскања и гребаници. Основата на оваа издржливост е All-Star Armor Structure, која има корисни додатоци како што се алуминиумска рамка, апсорбирачка пена и полимерен материјал за амортизирање на ударите, присутни на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G за подобрена отпорност на паѓање. Во исто време, Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 екранот на Pro моделите им дава дополнителна отпорност на гребаници. За апсолутна заштита, oвој екран е спарен со Corning® Gorilla® Glass 7i или со позадина од веганска кожа на моделот Redmi Note 14 Pro+ 5G. За остатокот од серијата, Corning® Gorilla® Glass 5 обезбедува солидна заштита на екранот, што ја прави целата серија многу издржлива.
Покрај тоа што е отпорна на падови и гребнатини, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана и да издржи различни временски услови. Со IP68 сертификат, моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G обезбедуваат исклучителна заштита од прашина и вода, што ги прави идеални за сѐ што носи денот – без разлика дали се работи за ненадеен дожд или за предизвикувачка авантура. Moделите Redmi Note 14 Pro и Redmi Note 14 5G имаат IP64 сертификат, кој штити од прашина и прскање, додека Redmi Note 14 нуди IP54 сертификат зa oтпорност на прскање и ситни честички. Покрај тоа целата серија има оптимизиран екран кој обезбедува подобра реакција и точност на допир, дури и во влажни ситуации. Во комбинација со овие врвни карактеристики на издржливост, серијата Redmi Note 14 е подготвена да издржи сѐ што носат секојдневните ситуации.
Исполнете го својот ден со беспрекорни перформанси
Моќните перформанси и долготрајната батерија се некои од главните карактеристики на серијата Redmi Note 14. Благодарение на напредните чипови, овие уреди без напор извршуваат повеќе операции, од видео повици до играње игри. Најмоќниот модел, Redmi Note 14 Pro+ 5G, е опремен со нов, напреден 4nm Snapdragon 7s Gen 3 процесор, кој носи брзина и можност за брзо реагирање. Во исто време, батеријата од 5110 mAh со технологијата HyperCharge од 120 W обезбедува долготрајна енергија во текот на денот. Дизајнирана да издржи екстремни услови, батеријата на Redmi Note 14 Pro+ 5G функционира дури и на температури до -20°C и е идеална за корисници кои треба да останат поврзани без оглед на екстремните временски услови.
Дополнителнo, Redmi Note 14 Pro 5G и останатите модели користат MediaTek Dimensity 7300-Ultra и MediaTek Helio G100-Ultra чипови, кои обезбедуваат беспрекорно искуство за време на играњето, стримувањето и брзото префрлање меѓу апликациите. Во комбинација со батериите од 5110mAh дo 5500mAh, oвие уреди овозможуваат постојана работа во текот на целиот ден, без разлика дали завршувате работен проект или се релаксирате со омилената серија.
Сите модели, покрај тоа што имаат батерии со голем капацитет, користат технологија која обезбедува долг работен век. По 1.600 циклуси на полнење, батеријата задржува до 80% од својот капацитет. За дополнително да ја продолжи нејзината издржливост, Smart Charging и следењето на долгорочната состојба на батеријата работат заедно за да го оптимизираат полнењето и да го одржуваат здравјето на батеријата, со што се обезбедуваат стабилни перформанси. Исто така, сите Pro модели имаат функција за брзо вклучување, што му овозможува на уредот да стартува веднаш неколку секунди откако уредот ќе се вклучи во полначот.
Со Google Gemini, перформансите се подигнати на повисоко ниво во целата серија, додека функцијата Circle to Search, е достапна на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G, која им овозможува на корисниците побрзо пребарување на информациите, правејќи ги секојдневните задачи поедноставни и побрзи.
Во свет каде што поврзувањето е поважно од кога било, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана да ги балансира врвните перформанси и ефикасноста, нудејќи целодневна употреба со практичното брзото полнење кога е тоа најпотребно.
Уживајте во совршеното визуелно искуство со екран кој во исто време ги штити Вашите очи
Серијата Redmi Note 14 нуди извонредно искуство на гледање со напредниот екран од 120 Hz кој ги штити очите, без разлика дали скролувате низ социјалните мрежи, гледате видео-снимки или играте видео игри. Моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G дополнително го подобруваат искуството со остра резолуција од 1,5K, што го прави секој детал уште појасен.
Благодарение на технологијата за заштита на очите, можно е долгорочно користење на уредот. Екранот ја намалува изложеноста на сина светлина, а сите уреди поседуваат сертификати TÜV Rheinland Low Blue Light Flicker Free и Circadian Friendly. Ова овозможува поудобно искуство кога работите ноќе или стримувате подолг период. Искуството е пријатно и кога излегувате надвор, бидејќи екраните на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G постигнуваат максимална светлина од 3000 nits, што е значително повеќе од претходната генерација. Ова овозможува содржината да остане јасна дури и при силна надворешна светлина, обезбедувајќи живописно искуство, без разлика дали е ден или ноќ.
Со серијата Redmi Note 14, Xiaomi обезбедува извонредна комбинација на моќни перформанси, неверојатни фотографии и исклучителна издржливост, сето тоа дизајнирано да ги задоволи потребите на модерниот живот. Од камери со висока резолуција со напредни AI алатки, до дизајн отпорен на прашина и вода, моќни перформанси и долготрајна батерија, серијата Redmi Note 14 поставува нов стандард во својата категорија, донесувајќи ги премиум карактеристиките кај пошироката публика и нудејќи исклучителна вредност во секој поглед.
Xiaomi CEE & Nordics настан во Прага
Серијата Redmi Note 14 премиерно беше претставена во регионот на Централна и Источна Европа и Нордиските земји на 21 јануари, на специјален настан одржан во Forum Karlin во Прага, Чешка. На настанот присуствуваа над 400 гости од повеќе од 20 земји. Покрај откривањето на возбудливата серија Redmi Note 14, Xiaomi исто така објави пет нови производи кои го прошируваат нејзиниот развивачки портфолио на AIoT и уреди за лична здравствена нега. Овие нови додатоци вклучуваат Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, како и Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000. Дизајнирани да ја подобрат и унапредат секојдневната работа и забавата на корисниците, овие нови додатоци ја прават комбинацијата на врвно аудио искуство со лични здравствени режими полесна од кога било.
За време на возбудливиот настан за лансирање на серијата Redmi Note 14 во Прага, Xiaomi исто така го претстави својот прв електричен автомобил, успешниот Xiaomi SU717, на јавноста во Централна и Источна Европа по првпат. Овој луксузен седан од класа C, кој беше лансиран во Кина во април 2024, постигна производство преку 100.000 единици до ноември 2024. Xiaomi SU7 беше презентиран на настанот во Прага само за демонстративни цели.
Цена и достапност
Redmi Note 14 6+128 достапен е по цена од 12.999 ден во три бои Midnight Black, Ocean Blue и Mist Purple.
Redmi Note 14 8+256 достапен е по цена од 14.499 ден во три бои Midnight Black, Ocean Blue и Mist Purple.
Redmi Note 14 Pro 8+256 достапен е по цена од 20.499 ден во три бои Midnight Black, Ocean Blue и Aurora Purple.
Redmi Note 14 Pro 5G 8+256 достапен е по цена од 24.499 во три бои Midnight Black, Coral Green и Lavender Purple.
Redmi Note 14 Pro+ 5G 8+256 достапен е по цена од 27.499 во три бои Midnight Black, Frost Blue и Lavender Purple.
Redmi Note 14 Pro+ 5G 12+512 достапен е по цена од 30.999 во три бои Midnight Black, Frost Blue и Lavender Purple.