„Општината е полна со пари од издавање градежни дозволи, како резултат на спроведување на спорните детални урбанистички планови донесени пред 12 години, а кои го претворија секое слободно или зелено парче во просторот во градежна парцела.
До ноември оваа година, наплатени се дури 6,8 милиони евра од градежни дозволи или цели 2 милиони евра повеќе од планираното.
Ова не е напредок, туку уништување! Со реализација на овие многупати оспорени планови се штитат само интересите на инвеститорите, а јавниот интерес е занемарен и тргнат настрана. Се уништува квалитетот на живот, се создава урбан хаос, а долгорочните последици ќе ги чувствуваме сите ние жителите.
Бројот на бетономешалки и кранови не е показател за успех ниту за напредок!
Ова е за аларм зошто вака Скопје никогаш нема да е град луѓето, а градоначалникот ќе биде запаметен како оној кој овозможи да победи профитот пред јавниот интерес“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.