сабота, 27 јули 2024

Шампионот понижен во Минесота, Денвер загуби со 45 поени разлика (ВИДЕО)

Досега невиден пораз на шампион на НБА во плејоф меч, Денвер беше брутално прегазен во Минесота која победи со 115-70 и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на западот.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер одигра катастрофален меч, постигна само 70 поени, во првата четвртина даде 14, а во последната девет.

Откако стана јасно дека мечот не може да се добие, тренерот на Денвер ги полече клучните играчи и тие од клупата го следеа дебаклот. Минесота немаше милост за шампионот, го полнеше кошот на противникот до самиот крај за конечни 115-70.

Никола Јокиќ постигна 22 поени, имаше и девет скокови, тој беше најдобар во својот тим. Најдобар на теренот беше Едвардс со 27 поени.

Седмиот решавачки натпревар ќе се игра на теренот на Денвер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ