сабота, 27 јули 2024

Шампионот е жив, Денвер го врати и вториот брејк против Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер одиграа уште една извонредна партија, победија во Минесота со 115-107 и израмнија на 2-2 во полуфиналната серија на западот.

Објавено на

часот

Сподели

Откако ги загубија двата меча на домашен терен, многумина го отпишаа Денвер, но актуелниот шампион се врати и покажа зошто лани беше на врвот.

Јокиќ и соиграчите одиграа фантастичен меч, најдобрите во тимот беа на висина на задачата и дојдоа до триумф од 115-107.

Јокиќ постигна 35 поени, имаше по седум асистенции и скокови, Гордон беше одличен со 27 поени, Мареј реализираше 19. Во составот на Минесота, Едвардс беше убедливо најдобриот со 44 поени.

Со оваа победа Денвер изедначи на 2-2, а следниот меч го игра на домашен терен.

2-2 е и на истокот на дуелот меѓу Индијана и Њујорк. Пејсерс синоќа го добија мечот со убедливи 121-89.

Индијана одигра тимски, најефикасен беше Халибартон со 20 поени, Мекконоли постигна 15. Кај Њујорк, Баркс реализираше 20, Брансон 18 поени.

Резултати:
Индијана – Њујорк 121-89 (2-2)
Минесота – Денвер 107-115 (2-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ