Индијана беше подобра во текот на целиот меч, го диктираше резултатот, а Бостон на моменти знаеше да се доближи и да внесе неизвесност. Домаќинот инсистираше на тројки, а тоа се покажа како погрешна тактика бидејќи имаа 54 шута, а погодија само 16.
Тајрис Халибартон ја предводеше Индијана со 31 поен, но на крајот се се сведе на тимската игра бидејќи Бостон имаше тројца од најдобрите четворица стрелци, а сепак не успеа да триумфира. Џејлен Браун исто така заврши со 31 поен, Тејтум додааде 22, а Причард 21.
Резултати:
Орландо – Бруклин 102-101
Бостон – Индијана 114-123
Торонто – Атланта 107-136
Хјустон – Мајами 100-104
Оклахома – Мемфис 130-106
Минесота – Сан Антонио 112-110