сабота, 27 јули 2024
Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА, почнува најинтересното

Шампионот Денвер како второпласиран ќе влезе во плеј-офот (ФОТО)

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА, на ред се натпреварите од плеј-ин, а потоа почнува плеј-офот. Шампионот Денвер како втор ја заврши серзоната на западот и може да го добие Лејкерс во разигрувањето.

Објавено на

часот

Сподели

Со синоќешните натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во НБА и познати се двојките од плеј-офот.

Шампионот Денвер синоќа го победи Мемфис, но поради киксот во претходно коло од втората позиција влегува во разигрувањето. Прв на западот заврши тимот на Оклахома.

На истокот немаше непознати за врвот, апсолутна доминација имаше Бостон кој имаше и најдобар скор во лигата.

Денвер за противник во плејофот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Њу Орлеанс и Лејкерс кои во меч од плеј-ин ќе се борат за продолжување на сезоната. Поразениот од овој дуел ќе игра со победникот од Сакраменто и Голден стејт по што ќе биде познат и вториот патник во плеј-офот.

На истокот Филаделфија и Мајами со еден дуел ќе одлучуваат кој ќе оди во плеј-офот. А поразениот од овој меч ќе има уште една шанса, ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Чикаго и Атланта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ