четврток, 16 јануари 2025
Во посета премиерот и министерот за образование

Шаќири: За Универзитетот „Мајка Тереза“ предвидени се дополнителни средства

Универзитетот „Мајка Тереза“ има осум факултети, каде што наставата се одвива на три јазици и  има 2.500 активни студенти, од сите етнички припадности, со над 100 професори и асистенти и 70 администратори кои работат во современи услови, изјави министерот за образование Јетон Шаќири кој заедно со техничкиот премиер Талат Џафери беше во посета на овој универзит.

Објавено на

часот

Сподели

Шаќири, ја истакна инфраструктурата како фактор за успех на секоја високо образовна институција, но вели академскиот аспект е исто така важен за успех на студентите.

Тој посочи дека со буџетот за годинава дополнително се предвидени средства за Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Мислам дека многу важен фактор за успех на секоја високо образована институција е инфраструктурата како дел за подобри резултати, но исто така и другиот дел од академскиот аспект е многу важен за да постигнат поголем успех сите студенти“, рече Шаќири.

Имајќи ги предвид предизборните ограничувања, премиерот Џафери посочи дека не може да се носат конечни одлуки кои имаат финансиски импликации, но вели дека не е пречка да се направи евалуација и по изборите соодветно да се одговори на барањата и потребите на Универзитетот.

„Секако имавме прилика да се запознаеме и со потребите коишто се пред универзитетската управа во смисла на просторот, лабораториите и се друго во контекст на она што се институционални обврски“, изјави Џафери.

На новинарското прашање зошто откако е на функцијата претседател на Влада посетува места со доминантно албанско население и дали ќе посети и други универзитети, Џафери одговори дека нема предрасуди по тоа прашање, ниту пак дека е проблем да направи каква било посета доколку се покаже интерес.

„Јас сум магистер по одбрана на Филозофскиот факултет на УКИМ и првиот колективен договор го потпишав со Универзитетот УКИМ, така што немам никаква предрасуда по однос на она што значи присуство и претставување. Никаков проблем не е да се направи и таква посета и ќе направам доколку управата и Ректоратот искаже интерес да бидеме таму. Јас за себе немам никаква предрасуда по однос на ниедно прашање што се однесува до животот и живеењето во оваа преубава држава што ја имаме“, рече Џафери.

Додаде дека функцијата премиер ја извршува за сите граѓани во земјава, а каква е нивната перпција, нагласи, тоа е индивидуална работа.

За Универзитетот „Мајка Тереза“, со владина одлука минатата година е доделена парцела од 50.000 м2, во кругот на поранешната касарна „Илинден“. За главниот објект, на површина од 3.300 метри квадратни, беа наменети 95 милиони денари за реновирање на просториите на главниот објект и 5 милиони денари за дополнителни потреби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ