петок, 26 јули 2024

Шаќири: Ново училиште во Арачиново, постојната инфраструктура се реконструира

Минатата година како Влада и Министерство за образование и наука дадовме поддршка на една локална иницијатива на населението во Арачиново поврзана со унапредување на воспитно – образовниот процес на децата од оваа општина. Тоа беше барање за основање на ново основно училиште со цел да се растовари работата на постојното и едно од најголемите основни училишта во државата – „Ѓерѓ Кастриот Скендебег“ во кое имаше околу 2.000 ученици. И идејата се реализираше, односно од учебната 2023-2024 година започна со работа нов правен субјект – основно училиште кое функционира во еден од постојните објекти, во кој, во моментов се изведуваат реконструктивни активности, изјави денеска Јетон Шаќири, министерот за образование и наука.

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска заедно со премиерот Талат Џафери беше во посета на општина Арачиново, каде изврши увид во градежните активности кои МОН ги спроведува за потребите на новото основно училиште „Абдил Фрашери“.

„За да одговориме целосно на потребите на новата образовна установа, секако пред сè во интерес на учениците, одлучивме објектот во кој е сместено училиштето, да го реконструираме, да ја реконструираме и спортската сала и да се изврши адаптација на дел од внатрешните простории. Градежните зафати во моментов се изведуваат и за оваа намена се издвоени околу 260 илјади евра. Така што, во многу скоро време ќе имаме еден модерен училишен објект, каков што и заслужуваат децата и вработените тука“, рече Шаќири.

Тој информираше и дека за основното училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ неодамна МОН обезбеди компјутери и друга ИТ опрема, клупи и столици како и дидактички материјали по природни и општествени науки во вредност од 5 милиони денари, а на крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе се постави нова мрежна опрема за користење на безбеден интернет.

Шаќири изрази уверување дека секогаш и секаде каде ќе има потреба од интервенција, МОН ќе постапува согласно приоритетноста на доставените барања, затоа што, како што рече, инфраструктурата е основен услов за квалитетен образовен процес.

Во новото основно училиште има 1.100 ученици од прво до деветто одделение, а за работата се грижат 80-на преземени вработени од постојното, кое пак, продолжи да работи со 830 ученици, соопшти МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ