сабота, 27 јули 2024

Шаќири: Не сум одбил ниту едно барање за зголемување на платите во образованието

Како министер за образование и наука учествував на неколку средби во рамки на преговорите со синдикатот за зголемување на платите на најголемиот државен универзитет и мојот став и тогаш и сега е идентичен – ќе ја поддржам секоја иницијатива за зголемување на платите на вработените во образовните институции без разлика дали се во основното, средното или високото образование. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на гостувањето во емисија на ТВ 21, каде една од темите беше зголемувањето на платите на вработените во високообразовните установи.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали постои волја за потпишување колективен договор и со другите  универзитети, освен со УКИМ, Шаќири рече дека доколку кај Собранието како основач на државните универзитети постои волја, тој со задоволство ќе учествува во преговорите, затоа што наставно – научниот кадар заслужува повисоки плати.
„Не сум одбил зголемување на платите за ниту една институција. Секоја ваква иницијатива била поддржана од моја страна. Основачот ги заврши преговорите со синдикатот на УКИМ и договорот веќе се реализира со мали задоцнувања поради одложеното завршување на одредени чекори. Но, сметам дека треба да продолжат и преговорите со другите универзитети и ги поддржувам во намерите да потпишат колективни договори кои ќе им обезбедат повисоки плати и други поволности“, рече Шаќири.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ