среда, 23 октомври 2024
МОН

Шаќири уверува дека се прават сите подготовки за учениците да имаат ученици за 1 септември

Објавено на

часот

Сподели

„Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември минатата година. За трето одделение сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме 1 септември. Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Што се однесува за предметот географија за седмо и за деветто одделение мислам дека системот веќе се отвори и веќе за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата ние ќе доставиме учебници“, рече Шаќири на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.

Министерот соопшти дека во тек е крупна реформа во основното образование, каде етапно се изработуваат нови наставни програми, нови учебници по сите предмети.

Посочи дека интегрираат предмети за, како што рече, да можат учениците полесно и преку повеќе аспекти да ја совладуваат нивната материја. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ