четврток, 16 јануари 2025
Обраќање на министерот за образование и наука

Шаќири: Обезбедивме рекорден буџет за континуитет на промените во образованието

За годинава за воспитно-образовниот систем Владата и Министерството за образование и наука обезбеди рекодредн буџет од 32 милијарди денари, со што се обезбедува континуитет на започнатите промени во образованието, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во дебатите на Годишната владина конференција.

Објавено на

часот

Сподели

„Се посветивме подеднакво на сите аспекти на образованието и верувам во успех затоа што политиките ги градиме врз база на анализи и факти, со поддршка од пошироката јавност, но и од меѓународната заедница“, рече Шаќири.

Тој потсети дека нови наставни програми и учебници има од прво до шесто одделение и дека етапната замена продолжува. Во средното образование пак, фокусот останува на унапредувањето и проширувањето на концептот на дуално образование, кој ги направи средните стручни училишта интересни за младите.

„Во период од една година реконструиравме 80-тина училишни објекти, а изградивме и четири нови. Годинава со реконструктивни активности ќе опфатиме деведесетина училишни објекти, ќе почне изградбата на пет нови и ќе се прошират просторните капацитети во постоечки 15. Овој месец почнува и етапната реконструкција на девет државни студентски домови“, рече министерот.

Шаќири информираше и дека во 2023 година платите на наставниците се зголемени за 18%, а обезбедени се и можности за професионално и кариерно напредување. За учениците и студентите пак, обезбедени се нови категории на стипендии, износите на постојните се зголемени исто како и на субвенционираниот студентски оброк, а воведени се и нови финансиски мерки за стимулација на учењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ