недела, 27 октомври 2024

Шаќири: Нема меѓуетничка интеграција сѐ додека не се дозволува образование на мајчин јазик

Министерот за образoвание Јетон Шаќири смета дека случајот со училиштето во Чашка покажува дека не можеме да се зборува за меѓуетничка интеграција сѐ додека има случаи во кои не се дозволува ученици да учат на нивниот мајчин јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ги последните случувања во населбата Чашка каде родители реагираат на одлуката да биде отворена паралелка на албански јазик во основното училиште Тодор Јанев, Шаќири посочува дека е во постојана комуникација со сите засегнати страни.

„Во овој момент би сакал да испратам порака, а тоа е дека не можеме да зборуваме за меѓуетничка интеграција во основно и средно образование, затоа што сѐ уште имаме одредени случаи како во Чашка и Гази Баба каде одредена страна не дозволува на учениците да учат на мајчин јазик“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на нова апаратура за генетика во МАНУ.

Прашан дали во предизборниот период се одземаат ингеренции на училишта во општини кои не се под централната власт, Шаќири порача политиката да биде подалеку од образовниот систем. 

„Има општини каде што сме на власт но има и такви каде што сме опозиција. Денеска ќе објавам пораки од родители од едно основно училиште за да видите дека не носам одлуки со политичка позадина. Во Тетово има основно училиште каде од Советот на родители и од вработените во училиштето се доставени докази дека поранешниот директор со притисок од локалната власт бил принуден да даде оставка. Затоа  таму мора да се реагира. Во образованието договорите на определено не се сѐ уште завршени и тие вработени се вклучени во образовниот процес. Политиката мора да биде подалеку од образовниот систем“, рече Шаќири кој денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Фатмир Меџити присуствуваше на презентацијата на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ