петок, 26 јули 2024

Шаќири до учениците: Наместо насилство, подарете љубезност, почит и толеранција

Објавено на

часот

Сподели

„Од вас слушнав многу конструктивни предлози и вие, всушност точно знаете што е потребно за зачувување на училишниот мир. Дел од овие идеи ќе бидат вметнати во протоколите кои ги подготвуваме во моментов, а ќе служат за постапување во рамки на училиштата при детекција на случаи на насилство“, рекол Шаќири.

На младите им порачал дека насилството не треба да биде решение во ниедна ситуација и дека тоа претставува немоќ, а љубезноста моќ.

Тој додал дека кај сите граѓани е зголемена свесноста за последиците од насилството, кои, како што рекол, можат да бидат катастрофални, какви што беа во соседна Србија и затоа сите треба да се залагаме за елиминирање на потенцијалните фактори кои би можеле да иницираат насилно однесување кон поединци или групи на ученици.

„Да промовираме мир, соживот и пријателство, наместо омраза и насилство. Превенцијата е најважна, но и доколку се случи меѓуврсничко, или било каква форма на насилство врз младите од повозрасните, тоа не смее да се премолчува. Затоа и отворивме електронска адреса [email protected] на која секој може да достави пријава по која веднаш ќе се постапува“, нагласил Шаќири“, соопштија од МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ