сабота, 27 јули 2024

Шаќири: Децата од најрана возраст треба да се учат да не се однесуваат конфликтно

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, ова се дел од темите на кои разговараа на денешната средба министерот за образование Јетон Шаќири и претседателот и основач на Меѓаши Драги Змијанац.

Министерот Шаќири нагласил дека мировната компонента на образованието треба дополнително да се зајакне, како одговор на актуелните случувања во регионот и заложбите за училиштата како сигурни места за одвивање на воспитно-образовниот процес.

„За таа цел, во завршна фаза е изработката на модулите за мировно образование, што ќе се реализираат од учебната 2023/2024 година. Исто така, министерството работи на проширување на програмите за обуки на наставниците, во делот на професионалните компетенции за мировно образование“, се наведува во соопштението.

Шаќири и Змијанац се согласиле дека е исклучително важно децата од најрана возраст да стекнуваат вредности, знаења, ставови, вештини и однесувања кои ќе им помогнат да спречат појава на конфликти и, доколку се случат, да ги решаваат на мирен начин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ