Ваквите екипни натпревари се покажаа доста корисни во мотивацијата, работната навика и дициплината што ја стекнува секој ученик. Уште еднаш шахот се покажа корисен и за зближување и дружење на сите деца.
На последниот учебен ден беа доделени пехарите и медалите на најдобрите одделенија во нашето училиште.
„Секој човек треба да си ја открие смислата на своето постоење. За мене таа претставува да допрам до што поголем број детски срца и да ја разбудам желбата за натпревар. Животот да го сфатат како игра, како спорт каде победата и поразот ќе се менуваат секојдневно. Но секој нареден ден за еден милиметар да бидеш подобар од претходниот. До каде ќе стасаш зависи само од тебе“, кажа Орце Данчевски.