вторник, 22 октомври 2024

Сезоната на дождови го забрза ширењето на вирусот денга во Бразил, преземени се итни мерки

Топлата сезона на дождови во Бразил го засили ширењето на вирусот денга, што ги принуди надлежните здравствени институции да преземат итни мерки и да започнат со масовна вакцинација против болеста што ја пренесуваат комарците.

Објавено на

часот

Сподели

Во првите пет недели од оваа година се регистрирани 364.855 случаи на денга треска, четири пати повеќе отколку во истиот период во 2023 година, соопшти Министерството за здравство на Бразил, пренесува Ројтерс.

Брзото ширење на денга треската резултираше со 40 потврдени смртни случаи, а уште 265 сè уште се истражуваат, се вели во соопштението на бразилското Министерство за здравство.

Бразилските власти купија 5,2 милиони дози вакцина против денга вирусот од јапонскиот производител на лекови Такеда, а уште 1,32 милиони дози беа обезбедени без трошоци.

Бројот на заболени од денга во главниот град Бразилија од почетокот на оваа година го надмина вкупниот број на заразени во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ