сабота, 27 јули 2024

Северот на Норвешка бара деноноќието да трае 26 часа

Најсеверниот регион на Норвешка, Финмарк, побара од Европската комисија да одобри воспоставување временска зона со 26-часовно деноноќие, објавија локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалните власти велат дека ова барање, промовирано од градоначалничката на Вадсо, гратче во Арктичкиот круг во близина на руската граница, има цел да ги промовира локалните вредности, да го зголеми времето посветено на семејството и да привлече нови жители во регионот, пренесува порталот Политико.

Во своето писмо до Европската комисија, која потврди дека го добила барањето, локалните власти во регионот Финмарк бараат од ЕК да им нареди на норвешките власти да одобрат создавање временска зона со 26-часовен ден наместо 24-часовен ден.

„Не размислувавме многу за тоа како во практиката би функционирале новите временски зони. Мислам дека ЕК нема да го одобри овој предлог, затоа не ги разработивме сите детали“, рече Венче Педерсен, градоначалничка на Вадсо, нагласувајќи дека овој регион се бори да привлече нови жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ