четврток, 23 мај 2024

Севернокорејскиот лидер надгледуваше тестирање на нов повеќецевен ракетен фрлач

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелување на ракети од 240 милиметри од повеќецевни фрлачи произведени од новоформираниот воено индустриски погон, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

КЦНА не даде дополнителни детали за погонот. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ѝ доставува оружје на Русија.

Северна Кореја ги отфрли обвинувањата. Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и дострел, соопшти КЦНА.

Ким, според КЦНА, рече дека повеќецевниот ракетен систем, кој вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ