четврток, 26 декември 2024

Севернокорејски војници се судрија со украински војници во Русија, пренесува Њујорк тајмс

Севернокорејските војници се судрија со украинските сили кои се борат во руската област Курск, објави Њујорк тајмс, цитирајќи неименувани високи американски и украински претставници.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Контактот беше ограничен, изјави украински функционер за весникот, и најверојатно ги тестираше украинските линии во потрага за слабости. Официјалниот претставник додаде дека севернокорејските сили се бореле заедно со руската 810-та посебна поморска пешадиска бригада.

Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот на Њујорк тајмс.

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинското Министерство за одбрана, руското Министерство за одбрана, Пентагон и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Во август, украинските сили го нападнаа рускиот пограничен регион Курск, заземајќи голем број населени места во првиот таков напад на руска територија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Пентагон соопшти дека има најмалку 10.000 севернокорејски војници во Курск, но не ги потврди информациите дека тие учествуваат во борбите.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејска телевизија изјави дека имало прв контакт со севернокорејските сили.

Њујорк тајмс објави дека не е јасно каде се воделе борбите. Американски функционер изјави за весникот дека се убиени значителен број Севернокорејци.

Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека судирите меѓу украинската армија и севернокорејските војници „отвора нова страница на нестабилност во светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ