Деветтиот пленарен состанок на Осмиот Централен комитет на Работничката партија на Кореја започна во вторникот за да ја заврши годината во која изолираниот Север ја внесе нуклеарната политика во својот Устав, лансираше шпионски сателит и истрела нова интерконтинентална балистичка ракета, објави Ројтерс.
Ким нагласи дека Северна Кореја ќе ја продолжи соработката со „антиимперијалистичките земји“, вклучително и Русија, додека Вашингтон го обвинува Пјонгјанг дека обезбедува оружје што ѝ помага на Русија во конфликтот во Украина, пренесува Ројтерс.
Севернокорејскиот лидер ги наведе и економските цели за следната година, нарекувајќи ја „одлучувачка година“ за постигнување на петгодишниот план за развој на земјата.