Стратешките крстосувачки ракети поминале 1.500 километри и летале помеѓу 7.507 и 7.511 секунди пред да ги погодат своите цели, објави државната новинска агенција КЦНА.
Во посебен извештај на КЦНА, севернокорејското Министерство за надворешни работи вети „најстрога контрамерка“ против Соединетите Држави се додека Вашингтон го „отфрла“ суверенитетот на Пјонгјанг.
Воениот сојуз и заедничките вежби меѓу Јужна Кореја и Соединетите Држави се виновни за зголемените тензии во регионот, се вели во соопштението на министерството што го пренесе КЦНА.
Additional photos of North Korea’s sub-launched cruise missile test today. pic.twitter.com/e80wcrELqO
— OSINTdefender (@sentdefender) January 26, 2025
Изјавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на интервјуто во четвртокот рече дека повторно ќе контактира со Ким откако двајцата развија работни односи во првиот мандат на Трамп.
Средствата на Северна Кореја за одвраќање од војна „се потемелно се усовршуваат“, рече Ким, цитиран од агенциите, додека лидерот, исто така, вети континуирани напори за зајакнување на војската.
„Ким Џонг Ун потврди дека Демократска Народна Република Кореја секогаш ќе вложува силни напори… да ја исполни својата важна мисија и должност да го брани одржливиот и траен мир и стабилност врз основа на посилно развиени воени сили во иднина“.
Во соопштението подоцна во текот на денот, началникот на Генералштабот на Јужна Кореја рече дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од копно кон водите кај западниот брег околу 16 часот.
Во извештајот се наведува дека ракетното тестирање е дел од плановите за изградба на национални одбранбени капацитети против потенцијалните непријатели во согласност со променливите регионални безбедносни околности.
Претходно овој месец, севернокорејските државни медиуми исто така објавија дека Ким го надгледувал успешното тестирање на новата хиперсонична балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ).