понеделник, 21 октомври 2024

Северна Кореја тестираше нов тип на дронови

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледуваше тестирање на беспилотни летала развиени во земјата викендов, објави Корејската централна новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Диктаторот го посети Институтот за беспилотни летала на Севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат конкретни цели откако летаа по различни претходно поставени рути, соопшти КЦНА.

Во исто време, Ким повика на производство на повеќе дронови кои ќе ги користи тактичката пешадија и единиците за специјални операции, како што се подводно оружје за уништување и беспилотни летала за стратешко извидување и повеќенаменски напади.

Тој, исто така, нареди дополнителни тестови за борбена употреба на беспилотни летала со цел да се опреми севернокорејската армија со ова оружје што е можно поскоро, наведе КЦНА.

Севернокорејските власти ги зајакнаа тактичките воени способности, вклучително и ракети со краток дострел и тешка артилерија насочени на удари кон југ, сето тоа откако направија голем напредок во балистичките ракети со долг дострел и нуклеарните програми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ