Во петокот попладне, Северна Кореја изврши тестирање на силата на супер-голема боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета „Хвасал-1 Ра-3“ и тестираше противвоздушна ракета од нов тип „Пајолиџи-1-2“ објави КЦНА, повикувајќи се на Администрацијата за ракети на Северна Кореја, пренесува Ројтерс.
Се верува дека севернокорејската стратешка крстосувачка ракета е дизајнирана да носи нуклеарна боева глава.
„И двата теста беа дел од редовните активности на администрацијата и поврзаните одбранбени научни институти за брз развој на технологии во различни аспекти како што се тактичко-технички перформанси и работа на системите за оружје од нов тип“, објави КЦНА, додавајќи дека тестирањето не било поврзано со регионалната ситуација.
Јужна Кореја, Јапонија и САД, земји кои често известуваат за тестирање големи проектили што ги детектираат од Северна Кореја, не го спомнаа ова тестирање.