Севернокорејските медиуми го објавија тоа еден ден откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја лансирала ракета која летала 1.100 километри пред да слета во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.
Северна Кореја минатата година тестираше повеќе оружени системи кои можат да ги гаѓаат нејзините соседи и Соединетите Американски Држави, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво. Постои загриженост дека нејзините воени капацитети можат да бидат дополнително унапредени со помош на технологија од Русија, со која поблиску соработува откако воено ја помага Москва.
Северна Кореја од 2021 година тестира различни хиперсонични оружја способни да летаат пет пати побрзо од звукот. Брзината и маневрирањето на таквото оружје имаат за цел да ги „заобиколат“ напредните системи за противвоздушна одбрана.
Последното лансирање го надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, а медиумите пренесоа дека оружјето прелетало 1.500 километри и достигнало брзина 12 пати поголема од звукот.