среда, 23 октомври 2024

Северна Кореја претстави 250 нови лансери на балистички ракети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун синоќа ја надгледуваше испораката на нови тактички балистички ракети за војниците на својата земја, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким исто така одржа говор на церемонијален настан во Пјонгјанг каде беа претставени 250 нови лансери на тактички балистички ракети, наведе КЦНА.

Државните медиуми ги опишаа лансерите како моќно, модерно тактичко јуришно оружје дизајнирано лично од Ким и подготвено за пренос до единиците на Корејската народна армија (КПА).

Северна Кореја соопшти дека минатиот месец ја тестирала својата нова тактичка балистичка ракета.

Пјонгјанг ќе има зголемена нуклеарна подготвеност во блиска иднина за да ги одврати нуклеарните закани и да се заштити себеси и да одговори на сите предизвици, рече Ким во говорот пред воените сили и воените научници.

Тој повтори дека складирањето и подобрувањето на нуклеарното оружје на земјата е најдобриот начин за спротивставување на, како што рече, нуклеарните закани и притисокот од САД.

Тој, исто така, рече дека мирот е загарантиран со „апсолутна и неспоредлива способност за самоодбрана“, според КЦНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ