Ова сугерира дека затворената земја се подготвува повторно да ги отвори своите граници за поголеми групи странски туристи по повеќегодишните строги гранични контроли поради ковид-19.
„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон и веројатно остатокот од земјата официјално ќе продолжи во декември 2024 година“, напиша на својата веб-страница агенцијата Корјо турс со седиште во Пекинг.
Меѓународните летови до и од Северна Кореја беа обновени минатата година, а мала група руски туристи приватно отпатуваа таму во февруари. Сепак, земјата не е целосно отворена за меѓународни туристи од 2020 година.
Северна Кореја гради, како што ја нарекува, „социјалистичка утопија“ во Самџијон, град во близина на кинеската граница и „модел на високоцивилизиран планински град“ со нови станови, хотели, ски-центар и комерцијални, културни и медицински објекти.
Во јули севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отпушти или деградираше некои високи функционери поради „неодговорно“ управување со неговиот главен проект во Самџијон.