„Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти Здружениот генералштаб на јужнокорејската војска.
Ова е прво лансирање на ракета од Северна Кореја оваа година.
Последните лансирања на балистички ракети со краток дострел, беа на 6 ноември, неколку часа пред претседателските избори во САД.
Една недела пред тоа лансирање, Северна Кореја ја тестираше својата нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво, најновата во нејзиниот арсенал.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека открило лансирање ракета од Северна Кореја.
Тоа се случи на денот кога Блинкен тргнува на проштална турнеја низ Јужна Кореја и Јапонија пред доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Лансирањето на ракетата се случува во време кога Јужна Кореја се наоѓа во една од најтешките политички кризи во својата историја, по неуспешното прогласување на вонредна состојба од страна на претседателот Џун Сук Јеол, кој потоа беше сменет и му се закануваше апсење.