понеделник, 10 март 2025

Северна Кореја истрела балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од својот западен брег, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ракетите биле истрелани кон морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска го зголеми надзорот и будноста, велат тие.

Севернокорејските државни медиуми ги критикуваа годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја кои започнаа во понеделникот, велејќи дека тие ќе ја влошат ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Заедничките воени вежби наречени „Штит на слободата“ треба да траат до 20 март и имаат за цел зајакнување на подготвеноста за закани како Северна Кореја, соопшти претходно јужнокорејската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ