сабота, 27 јули 2024

Северна Кореја истрела 10 проектили кон Јапонско Море

Северна Кореја истрела околу 10 балистички ракети со краток дострел, соопшти јужнокорејската војска.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја лансираше ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Нашата војска го зголеми надзорот и будноста и внимателно споделува информации поврзани со севернокорејските балистички ракети со американските и јапонските власти“, објави јужнокорејската војска.

Северна Кореја вчера беше обвинета дека преку границата со Јужна Кореја испрати стотици балони со отпад и измет.

Во понеделникот, Северна Кореја објави неуспешен обид да лансира сателит во вселената.

На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија во последните месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ