сабота, 27 јули 2024

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре во Јужна Кореја (ФОТО+ВИДЕО)

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две погранични провинции на југот, што ги натера властите да ги предупредат жителите да останат во затворени простории и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив, бидејќи содржат „гнасен отпад и ѓубре“, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инаку, Северна и Јужна Кореја користат балони во своите пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека ќе возврати на „честото ширење летоци и друго ѓубре“ во пограничните области од активисти на Јужна.

„Купишта отпадна хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ пограничните области и внатрешноста на Јужна Кореја, и тие од прва рака ќе почувствуваат колку напор е потребен за нивно отстранување“, рече заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил во изјава за државните медиуми во неделата.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека „некои од паднатите балони изгледаат како да носат измет, судејќи според нивната темна боја и мирис“.

Војската на Јужна Кореја го осуди овој чин како „јасно кршење на меѓународното право“. „Тоа сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува поради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да престане со оваа нехумана и груба акција“, соопшти војската.

Активистите од Јужна Кореја претходно лансираа балони кои, меѓу другото, носеле готовина, забранети медиумски содржини, па дури и Чоко пајс – јужнокорејски колачи забранети на север.

Претходно овој месец, активистичка група со седиште во Јужна Кореја тврдеше дека испратила 20 балони со летоци против Пјонгјанг и УСБ-стикови кои содржат корејска поп музика и музички спотови преку границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ