сабота, 27 јули 2024

Северна Кореја испрати 330 нови балони со ѓубре во Јужна Кореја

Северна Кореја повторно испрати стотици балони полни со ѓубре кон Јужна Кореја, пренесува Си-ен-ен. Северна Кореја од синоќа испратила околу 330 балони со кеси за ѓубре на јужниот сосед, 80 од нив слетале во Јужна Кореја, соопшти здружениот Генералштаб на Сеул (ЈЦС).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во пакувањата била пронајдена стара хартија и пластика, но немало опасни материи, соопшти здружениот генералштаб на јужнокорејската војска. Според податоците на Си-ен-ен, од 28 мај на територијата на Јужна Кореја пристигнале околу 1060 балони од Северна Кореја.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја денеска одржа итен состанок за да најде адекватен одговор на последниот бран балони за ѓубре.

Минатата недела Пјонгјанг соопшти дека испратил вкупно 3.500 балони со 15 тони ѓубре на својот сосед, според државниот медиум КЦНА, цитирајќи го заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг-ил.

Јужнокорејската војска одговори попладнево со емитување преку разглас во Северна Кореја, според ЈЦС. Војската на Јужна Кореја некогаш пуштала пропагандни преноси како дел од психолошката војна против Северот, додека не ја повлече опремата по самитот меѓу соседите во 2018 година.

Преносите ги информираат севернокорејските војници и жителите за „реалноста на Северна Кореја“, развојот на Јужна Кореја и корејската култура, соопшти Јужнокорејскиот генералштаб.

„Северна Кореја е целосно одговорна за актуелната ситуација, ги повикуваме веднаш да престанат со вакви гнасни дејствија како испраќање балони за ѓубре. Дали нашата војска ќе пушти уште еден пренос преку звучниците, целосно зависи од дејствијата на Северна Кореја“, објавија од здружениот генералштаб на јужнокорејската војска.

Севернокорејскиот режим соопшти дека ги испраќа балоните како одмазда за пропагандните летоци испратени преку граница од јужнокорејски активисти и севернокорејски дезертери. Групите како севернокорејските борци за слобода долго време испраќаа балони со забранети предмети во изолираната тоталитарна диктатура, како храна, лекови, радија, пропагандни летоци со делови од јужнокорејски вести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ