вторник, 22 октомври 2024

Северна Кореја ги отвора границите за туристи

Северна Кореја планира повторно да дочека меѓународни туристи на крајот на годината, според тврдењата на туристичките агенции, но експертите предупредуваат дека долго очекуваното отворање би можело да биде загрозено од политички тензии и суровите зими во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја ги затвори своите граници и забрани странски посетители набрзо откако пандемијата на ковид-19 почна да се шири на почетокот на 2020 година, плашејќи се дека вирусот може да ги ослаби кревките здравствени услуги. затворањето ја погоди трговијата со Кина и приходот од туризмот.

Иако меѓународните летови до и од Северна Кореја беа обновени минатата година, и околу 100 руски туристи учествуваа во приватна тура во февруари, земјата всушност остана затворена за странците.

Одлуката да се отворат вратите е дочекана со одушевување од страна на туристичките компании, а некои набљудувачи на Северна Кореја сметаат дека плановите за повторно стартување на туризмот по речиси пет години пандемиска изолација се полни со проблеми.

Лидерот Ким Џонг Ун покажал личен интерес за развој на туристичката инфраструктура и изразил желба да се дочекаат посетители од пријателските земји Кина и Русија.

Првите посетители се очекуваат во Самџион, град во близина на кинеската граница, кој Северна Кореја го опишува како „социјалистичка утопија“ и „модел на високо цивилизиран планински град“.

Оваа дестинација, која наводно има нови станови, хотели и ски-центар, е влезната точка за планината Паекту, највисокиот врв на полуостровот и место кое се смета за митско раѓање на обединетиот корејски народ – место на аџилак кој го поддржува култот на личноста околу семејството Ким кое владее од формирањето на земјата во 1948 година.

Претставниците на туристичката индустрија очекуваат првиот бран туристи да го сочинуваат претежно кинески државјани, а во контекст на неодамнешните средби на Ким со рускиот претседател Владимир Путин, и луѓе од Русија.

Експертите проценуваат дека рекордни 300.000 странски туристи ја посетиле Северна Кореја во 2019 година, донесувајќи ѝ на земјата меѓу 90 и 150 милиони долари.

Туризмот во Северна Кореја беше строго ограничен пред пандемијата, а туристичките компании наведуваат дека околу 5.000 западни туристи ја посетиле земјата секоја година. Американците сочинувале околу 20 отсто од пазарот пред Соединетите Американски Држави да им забранат на своите граѓани да патуваат како туристи по смртта на студентот Ото Вармбиер во 2017 година.

„Главниот систем останува непроменет, со водени тури и без слободно движење без водич“, велат од туристичките агенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ