вторник, 22 октомври 2024
Европскиот фронт на годишнината од Охридскиот договор

Северна Ирска, Белгија и Швајцарија можат да бидат модел за Македонија, смета Османи

Во своето обраќање на настан организиран од Европскиот фронт по повод годишнината од Охридскиот договор, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи зборуваше и за нацртот на Пол Вилијамс каде што, како што нагласи, се целат на мерки и практики за етничка еднаквост по примерот на Северна Ирска, Белгија и Швајцарија, но и на други демократски држави. „Ние внимателно ќе ги вклучиме принципите и успешните практики од овие држави, надградувајќи ги со наши воспоставени принципи за да се обезбедиме од неодамнешните ирационални дејства“. изјави Османи. Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема иднина државата ако целосно рамноправно не соработуваат Македонците и Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

Ахмети рече дека сите треба да внимаваат кога се нарушува легитимитетот и се мајоризираат и понижуваат Албанците и другите заедници во оваа земја, претставувајќи го Европскиот фронт како дружина предводена од лоши Албанци.

Минатото кога имаше такви поделби не треба да се повтори, предупреди лидерот на ДУИ. Тој нагласи дека прочитал што зборувале „некои Албанци“ во врсо со Охридскиот договор, оценувајќи дека не знаат што зборуваат и дека биле далеку „од колоната“ кога работите се движеле кон мировен договорот.

Ахмети рече дека треба да ги слушаат оние кои сакаат да ги поделат Албанците на добри и лоши Албанци.

„Ние не сме слуги на агите. Македонците како народ можат да напредуваат само ако се во добра комуникација и хармонија и во односи со Албанците, во спротивно ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и Грците“, изјави Ахмети.

Лидерот на Алијанса за Албанците од неговото крило, Зијадин Села рече дека Европскиот фронт ќе постапува врз основа на ден од постулатите на Охридскиот договор и конкретизира:

„Охридскиот договор не беше договор направен за државата, бидејќи државата постоеше и пред тоа. Охридскиот договор не беше ни направен за моќ, бидејќи овластувањата постоеја и пред потпишувањето на меморандумот за разбирање. Охридскиот договор е направен за правото, достоинството и еднаквоста на граѓанинот без разлика на нивната етничка припадност и затоа што повеќе се крши кога станува збор за албанскиот народ овде во Македонија“.

Во рамки на дискусиите беше поделен и документ од ДУИ, во кој се наведува толкување на Охридскиот договор со акцент на учеството во власта на партиите од албанскиот блок.

„Охридскиот мировен договор беше создаден зарешавање на етничките тензии и војната прекувнимателно балансирање меѓу двата основнивоведни принципи:

• Зачувување на суверенитетот и територијалниотинтегритет, како и унитарниот карактер надржавата;
• Зачувување и рефлектирање на мултиетничкиоткарактер и состав на државата.
Од 2001 година, спроведувањето на принципитена Охридскиот договор генерално гарантираше мирен соживот меѓу различните етнички групи  и ја промовираше праведната и еднаква инклузија на албанскатазаедница и малцинските заедници восоцијалниот, политичкиот и економскиот животна државата.

Сепак, последните политички случувања соновата коалициска влада, формирана како резултат на изборите одржани во мај 2024 година, сериозно ги загрозија темелите како и основните принципи на Охридскиот мировен договор.

Ирационалните дејства во однос на ограничувањена стандардите за политичко учество, постигнатипреку децениски напори за обезбедување на стандарди за инклузија, се спротивни на ЦЕЛТА И НАМЕРАТА на Охридскиот договор и на намерата на потписниците.

Таквите дејства го лишуваат албанската и другите заедници од стандардите за политичко учество кои државата ги постигнала досега, со што се нарушуваат принципите на Охридскиот договор и со тоа и демократскиот поредок на Северна Македонија“, се вели меѓу другото.

Понатаму се вели:

„Принципот на етнички легитимитет генерално беше почитуван од сите влади. Во отсуство на овој принцип, етничките Македонци би можеле арбитрарно и преференцијално да одлучуваат која албанска етничка партија треба да ја претставува албанската заедница. Оваа ситуација е проблематична: Која е тогаш смислата за постоењето на етнички политички партии и која би била причината за една етничка заедница да излезе и гласа на избори, ако на крајот претставниците на заедницата се избираат преференцијално од етничката македонска победничка партија? Флагрантното прекршување и игнорирање наполитичката и изборна волја на втората поголемина заедница во земјата, албанската заедница, како и на малцинските заедници, е воспротивност со амандманот VI на Уставот на Северна Македонија и со принципот на правично претставување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ