сабота, 27 јули 2024

Сестрата на Ким Џонг Ун предупредува дека војската ќе одговори на најмала провокација

Севернокорејската армија веднаш ќе одговори на секоја провокација, изјави денеска Ким Јо Јонг, сестрата на лидерот Ким Џонг Ун.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Таа ги даде коментарите откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја вчера истрелала повеќе од 60 артилериски гранати во близина на морската граница на запад, ден претходно истрелала повеќе од 200.

„Дозволете ми да бидам јасна уште еднаш, активирањето на нашата војска е веќе започнато. Нашата војска ќе одговори со огнено крштевање и во случај на најмала провокација“, изјави Ким Јо Јонг, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Јужна Кореја одржа вежби на море во петокот, како одговор на артилериските гранати, пренесува Ројтерс.

Жителите на јужнокорејските погранични острови тогаш беа предупредени да одат во засолништа, иако немаше информации дека гранати ја минувале морската граница.

Ким негираше дека Пјонгјанг истрелал гранати вчера и тврдеше дека експлозивот бил активиран како измама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ