сабота, 19 октомври 2024

Сестрата на Ким Џонг Ун: Договорот за воена соработка меѓу САД и Јужна Кореја го загрозува мирот

Објавено на

часот

Сподели

За време на државната посета на јужнокорејскиот претседател на Соединетите Држави, Вашингтон и Сеул ја предупредија Северна Кореја дека секој нуклеарен напад ќе предизвика одговор кој ќе го „заврши“ режимот во Пјонгјанг.

Северна Кореја е убедена во потребата од „понатамошно подобрување“ на својата нуклеарна програма, одговори Ким Јо Јонг, чија изјава денеска ја пренесе севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

„Колку повеќе непријателите инсистираат на организирање нуклеарни воени вежби и колку повеќе нуклеарни средства распоредуваат во околината на Корејскиот полуостров, толку посилно ќе биде остварувањето на нашето право на самоодбрана во директна пропорција со нив“, рече Ким Јо Јонг.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол и неговиот американски колега Џо Бајден во средата ја усвоија Вашингтонската декларација, со која значително се зајакнува нивната воена соработка, вклучително и онаа за нуклеарното оружје.

Според договорот САД ќе испратат нуклеарно вооружена подморница во Јужна Кореја за прв пат по четири децении, заедно со други средства, вклучително и бомбардери со нуклеарна способност.

Овој договор „само ќе придонесе за загрозување на мирот и безбедноста во североисточна Азија и во светот, па затоа тоа е акција што не може да се поздрави“, рече Ким Јо Јонг.

Северна Кореја издржа долгогодишни меѓународни санкции за да го продолжи својот развој на нуклеарните и ракетните програми и не покажа знаци дека е подготвена да го напушти својот арсенал, кој го гледа како осигурување од секој обид за соборување на режимот.

Пјонгјанг изврши рекордна серија лансирања оваа година, вклучително и тестирање на својата прва балистичка ракета на цврсто гориво, клучен технолошки пробив за вооружените сили на Ким Џонг Ун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ