петок, 18 октомври 2024

Сериозен инцидент во Зандворт: Сарџент се заби во заштитната ограда, му се запали болидот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Третиот слободен тренинг на патеката во Зандворд донесе ериозен инцидент, Логан Сарџент се заби во заштитната огрда со голема брзина и го распарчи болидот, кој потоа и се запали.

По летната пауза, продолжуваат возбудувањата во Формула 1, викендов на програмата е ГН на Холандија.

Во пресрет на квалификациите се случи сериозен инцидент, на третиот слободен тренинг, Логан Сарџент се заби во заштитната ограда со голема брзина и го распарчи болидот, кој потоа и се запали.

Возачот на Вилијамс погреши во свиокот број 4, помина преку тревата, дождот и влажната патека дополнително придонесоа тој да загуби контрола врз болидот, па инцидентот беше неизбежен.

За среќа Логан Сарџент помина без повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ