четврток, 30 мај 2024

Серијата „3 Боди проблем“ најгледана на „Нетфликс“

Научнофантастичната серија „3 Body Problem“ е новата најгледана на стрим-платформата „Нетфликс“. Објавена е на 21 март, а од 25. до 31 март корисниците потрошиле вкупно 115 милиони часа на стримување на оваа серија. Со тоа, таа го истисна „The Gentlemen“ (Џентлмени) на Гај Ричи од првото место.

Објавено на

часот

Сподели

Серијата „3 Боди проблем“ е создадена од Дејвид Бениоф, Д. Б. Вајс и Александар Ву, а се заснована на истоимената книга од Лиу Сиксин. Објавени се осум епизоди, а главните улоги ги толкуваат Бенедикт Вонг, Џес Хонг, Јован Адепо, Еиза Гонзалес, Зин Ценг и други. Серијата е во топ-10 листата во 93 земји во светот, а првото место го зазеде во Австрија, Белгија, Аргентина, Бразил, Канада, Чешка, Данска, Финска, Словенија, Италија, Србија, Хрватска.

Aвторите на серијата најавија и нови сезони.

„Е па, има три романи – во трилогијата. А романите се сé подолги и подолги, па не би рекол дека ќе се задржиме само на три сезони. Имаме некои сериозни замисли за тоа што ќе правиме во втората сезона. Сакаме да дојдеме до крајот на трилогијата… И тоа веројатно ќе се случи. Ќе има повеќе од две сезони – тоа е сигурно, но тешко е да се знае колку точно“, изјави Александар Ву.

Сепак, серијата предизвика лавина реакции во Кина. Спорна е првата сцена, отворањето, каде што Црвената гарда ги линчува професорите на еден факултет. Иако кинеската продукциска компанија „Тенсент“ лани ја сними својата адаптација на романот, оваа верзија на серијата не ја прикажува сцената со линчот.

Но, и покрај контроверзиите, на ИМДБ серијата има оценка од 7,7, а на „Ротен томатос“, ја препорачуваат 78 отсто од гледачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ