петок, 18 октомври 2024
Веќе го има одбрано и неговиот наследник

Сер Џим Ратклиф планира да му даде отказ на Тен Хаг

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Сер Џим Ратклиф, кој треба да купи 25% од акциите на Манчестер јунајтед, планира да му врачи отказ на Ерик тен Хаг и како нов тренер да го именува Роберто Де Зерби.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува во скоро време „ѓаволите“ да дадат зелено светло за Сер Џим Ратклиф да купи 25% од акциите на клубот.

Како дел од зделката, најбогатиот Британец ќе добие контрола над фудбалските операции и последните информации велат дека тој планира да го избрка Ерик тен Хаг, без разлика какви ќе бидат резултатите во следниот период.

Џим Ратклиф сака да го именува Роберто Де Зерби за нов тренер, Италијанецот ќе треба да го промени стилот на игра на Манчестер јунајтед.

44 годишниот стратег често добива пофалби за работата на кормилото на Брајтон и партиите кои ги прикажуваат популарните „галеби“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ