Сер Џим Ратклиф за 1,25 милијарди фунти купи 25% од сопственоста на Манчестер јунајтед, официјална потврда за трансакцијата пристигна попладнево.
Како дел од зделката, Џим Ратклиф ќе добие контрола врз фудбалските операции на „ѓаволите“.
Најбогатиот Британец исто така ќе обезбеди 300 милиони долари (226 милиони фунти) за инвестиции, но се верува дека овие пари нема да бидат за ангажман на фудбалери, туку за подобрување на инфраструктурата и модернизација на Олд Трафорд.
Manchester United reaches agreement for Sir Jim Ratcliffe, Chairman of INEOS, to acquire up to a 25% shareholding in the Company.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 24, 2023