сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Сер Џим Раткилф гледаше како Манчестер јунајтед два пати испушти водство против Тотнем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра 2-2 против Тотнем, Сер Џим Ратклиф покрај Сер Алекс Фергусон од ложата гледаше како „ѓаволите“ два пати испуштија водство и на крајот мораа да се задоволат со бод.

Објавено на

часот

Сподели

Дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем на Олд Трафорд заврши без победник, домаќините два пати водеа, но гостите се враќаа.

„Ѓаволите“ поведоа во 3. минута, Хојлунд силно биеше под пречката за 1-0. „Спарси“ изедначија во 19. минута, по еден корнер, Ришарлисон со глава ја затресе мрежата за 1-1.

Пред крајот на првиот дел, Рашфорд двојно проигра со Хојлунд и биеше прецизно по земја за 2-1 и нова радост на публиката.

Но само што почна второто полувреме, Бентакур го матираше Онана за 2-2.

Манчестер јунајтед имаше неколку прилики да стигне до трите бода, најблиску до нов гол беше Мектоминеј, кој во последните секудни од мечот, од шест метри биеше со глава над голот.

Новиот сопственик, Сер Џим Ратклиф го следеше натпреварот од ложата, покрај легендата Сер Алекс Фергусон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ