сабота, 27 јули 2024

Сепаратисти во Индонезија се закануваат дека ќе го убијат киднапираниот пилот од Нов Зеланд

Објавено на

часот

Сподели

Во новото видео, видно изнемоштениот Мертенс го држи забранетото знаме, кое е познато како симбол на независноста на Западна Папуа, а е опкружен со папуански борци со пушки во рацете. Гледајќи во камерата, Мертенс ја пренесува пораката на сепаратистите кои сакаат другите светски земји, освен Индонезија, да учествуваат во дијалогот за независност на Папуа.

„Ако тоа не се случи во рок од два месеци, тие рекоа дека ќе ме убијат“, рече Мертенс во видеото што го сподели портпаролот на папуанските бунтовници Себи Самбом, а веста ја потврди и аналитичар од Институтот за политички анализи на конфликт во Џакарта, Дека Анвар.

 

 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд изјави за Ројтерс дека се свесни за сериозноста на објавеното видео и фотографиите. „Правиме сѐ што можеме за да обезбедиме мирно, ненасилно решение и ослободување на Мертенс“, рече тој.

Во меѓувреме, портпаролот на индонезиската војска Јулиус Виџојоно рече дека војската ќе продолжи да спроведува операции во согласност со стандардната оперативна процедура. Индонезискиот министер за надворешни работи сè уште нема коментар.

Индонезиските власти претходно соопштија дека мировните преговори се приоритет за да се обезбеди ослободување на затворениот пилот, но проблемот е пристапот до изолираниот планински терен. Откако богатата со ресурси Папуа падна под контрола на Индонезија во 1969 година, се води битка за независност, а бројот на жртви се повеќе расте.

Конфликтот ескалираше во 2018 година, кога сепаратистите набавија пософистицирано оружје, па нивните напади станаа почести и посмртоносни. Румианус Вандикбо од Националната ослободителна армија на Западна Папуа, која е вооружено крило на Движењето за слободна Папуа, ги повика Нов Зеланд, Австралија и западните земји да започнат преговори со Индонезија и сепаратистите.

„Ние не бараме пари. Ние навистина ги сакаме нашите права на суверенитет“, рече тој во друго, посебно видео.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ