Сарбрикен е тим од третата германска лига кој моментално е на 15. позиција на табелата, па никој не се надеваше дека можат да му зададат удар на големиот Баерн Минхен.
На почетокот од мечот ништо не наговестуваше таков развој на настаните. Баерн Минхен поведе со 1-0 со гол на Томас Милер во 16. минута.
Сарбрикен го изедначи резултатот во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Сонтејмер.
Во вториот дел Баерн Минхен се обидуваше да го врати водството но никако не му успеваше. Се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија, но во 96. минута Гаус даде гол за победа на Сарбрикен од 2-1.
Вистинска сензација на малиот германски клуб и голем срам за великанот.