Италијанскиот креатор Ерменеџилдо Ѕења, познат по беспрекорните рачно изработени машки костуми, од неодамна се приклучи во виртуелната продавница „Fits.me”, каде што неговите клиенти со помош на виртуелниот манекен ќе може да уживаат во најразлични проби на костумите што би сакале да ги нарачаат. Во „фитинг-собата“ на Ѕења клиентот ќе има можност да експериментира со моделите што ги нуди креаторот, да пробува костуми и кошули и во исто време да гледа на компјутерскиот екран како тие би му одговарале на неговото тело. Виртуелниот манекен, со димензии на самиот клиент, прецизно покажува на кој дел од телото костумот би можел да се коригира, а каде е совршено вклопен следејќи ја линијата на телото.
Виртуелната продавница сепак не е идеја на креаторот на луксузна машка облека Ѕења, но бездруго тој е нејзин најголем промотер.
„Fits.me” е отворена минатиот август од „Парк енд Бонд“, онлајн-дистрибутери на скапа брендирана гардероба, а со вклучувањето на Ѕења во неа продавницата доби светски глас.
Sења ќе облекува виртуелно
Објавено на
часот