сабота, 27 јули 2024

Семејството Жанг не го врати долгот на време, „Оуктри“ потврди дека е нов сопственик на Интер

Интер доби нови сопственици, семејството Жанг на време не го врати долгот од 395 милиони евра, па фондот „Оуктри“ ја активираше хипотеката и превзеде контрола над управувачкиот пакет акции.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2021 година, семејството Жанг и компанијата „Сунинг“ добија кредит од „Оуктри“ во износ од 275 милиони евра, и требаше да го вратaт до 21. мај 2024 година (395 милиони евра сосе камати).

Како хипотека беше ставена управувачкиот пакет акции во Интер кој го поседува семејството Жанг.

Изминатиов период бизнисмените од Кина се обидоа да го рефинасира долгот, се разгледуваа неколку алтернативи, но сите се изјаловија и сумата од 395 милиони евра не беше вратена на време.

Па фондот од САД и офиицјално потврди дека тие го поседуваат клубот од „Џузепе Меаца“.

„Интер му припаѓа на „Оуктри“. Од 22. мај, фондот „Оуктри“ е нов сопственик на Интер, ова следи откако не беше вратен долгот од околу 395 милиони евра“ – се вели во известувањето.

„Имаме голема почит кон историјата на Интер, пасијата на играчите, лојалноста на навивачите, и знаеме што значи овој клуб за градот Милано, Италија и глобалната спортска јавност“.

Оперативниот директор Алехандро Кано откри кои се целите.

„Како нови споственици знаеме дека имаме огромна одговорност кон историјата на Интер. Посветени сме на долгорочен успех и веруваме дека нашите амбиции се поклопуваат со оние на стравствените навивачи од Италија и ширум светот“.

„Наши први цели се оперативна и финансиска стабилност на клубот. Имаме голема почит за раководството на Интер и со нетрпение чекаме да започнеме соработка со нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ