„Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со нејзините три деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал. Од страна на полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20 часот уапсен е таткото, 43 годишниот Џ.Е. и поднесена му е кривична пријава за запуштање и малтретирање на малолетно дете“, информираа од МВР.
Татко ќе одговара за насилство, секојдневно ги тепал и малтретирал децата
Вчера околу 17 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди, информираше денеска МВР.
Фото: Илустрација
Објавено на
часот