петок, 21 јуни 2024

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60-тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година.

Објавено на

часот

Сподели

„Макстил и СОС Детско село, сега се еден вид семејство и соодветно беше нашиот
семеен ден да го поминеме со новите членови на семејството. Оваа година
одржувањето на традиционалното дружење на вработените на Макстил со семејствата
се совпадна токму со Меѓународниот ден за згрижувачки семејства, што го направи за
нас овој ден посебен. Да се градат семејни вредности, да се поддржуваат ваков тип
проекти за нас е многу повеќе од зборови, и повеќе од финансиски средства. За нас
оваа соработка претставува поддршка на згрижувачките семејства, децата и младите и
воедно градење на основи за здраво и праведно општество за идните генерации. Со
ова наше стратешко партнерство сакаме да покажаме дека со поинаков пристап може
навистина да се направи голема промена“, изјави Марија Дуковска – Павловска,
генерален директор на Макстил.

Повеќе од 600 вработени и нивните семејства, заедно со децата поддржани од СОС
Детско село го поминаа саботното попладне пред Управната зграда на Макстил, при
што беа спроведени семејни и спортски активности и различни тематски работилници,
а можеа да проследат и интерактивна музичко-драмска претстава, групно танцување и
да уживаат во настапот на музичкиот бенд.

„Големо беше изненадувањето и радоста по добивање на поканата од нашиот партнер
Макстил за приклучување на нивниот семеен ден за нивните вработени и тоа токму на
денот на згрижувачите. Со радост ја прифативме оваа можност дел од семејствата поддржани од СОС Детско село да бидат присутни на овој преубав и забавен настан. За едно дете да расте среќно, задоволно, исполнето и за да напредува натаму во животот, неопходна му е поддршката која што ја добива во семејството.

Многу деца во светот не се во можност да живет со своето семејство и имаат потреба од алтернативна грижа што значи сместување на оваа ранлива група на деца во други
семејства. Овој ден ги слави хероите кои одлучиле да ги отворат своите срца и домови
и живеат една хумана мисија и се грижат за овие деца со многу љубов, толеранција и
поддршка. Благодариме на Макстил се надеваме дека овој пример ќе го следат и
други компании“, изјавија од СОС Детско село.

Први јуни е Ден на згрижувачките семејства. Од самото основање до денес, СОС Детското село посветено работи на обезбедување квалитетна алтернативна грижа за деца без родители и родителска грижа и своето успешно 23 годишно искуство го заокружува со развој на иновативна програма за поддршка на згрижувачките семејства.

Новата унапредена услуга за стручна помош и поддршка на 74 згрижувачки семејства и сигурно опкружување за вкупно 140 деца и млади се обезбедува преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ