сабота, 27 јули 2024

Сем Вортингтон си чува сѐ во две торби…

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата на Аватар никогаш не почувствувал потреба да се смири на едно место и секогаш патува скромно спакуван, само со нештата што му се неопходни за да преживее.
Тој изјави: „Имам една торба со алишта и една торба со книги. Немам телефон и не сакам ни да имам. Домот ми е Сиднеј, но речиси никогаш не сум таму. Јас сум номад. Одам таму каде што ме води работата.  Никогаш не сум се врзувал за конкретно место. Не сум многу одговорен кога треба да плаќам хипотеки, сметки, да потпишувам документи. Можев досега да го имам тој живот. Можеби кога ќе имам 60 години и ќе сакам да се смирам. Сега засега, си го сакам темпото на живот“.
35-годишната ѕвезда тврди дека не станал актер затоа што сакал да биде славен, но призна и дека сегашната професија не му била желба од детството.
„Не сакав да станам славен, ако го сакав тоа, ќе му се приклучев на Големиот брат. Не ги сакам многу луѓето што викаат дека како мали правеле сцена во дворот и ги забавувале соседите. Кога имав седум години, сакав да бидам пожарникар“, изјави тој за британскиот Космополитен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ